(Видео) Страшна сообраќајка во Куманово: Полицајци извлекоа жива глава откако „туран“ удри во нив со голема брзина

Макфакс

07/02/2023

13:20

5.293

Големина на фонт

а а а

Двајца полицајци, во службено возило, на кое не му работи левиот фар, се „директна мета“ на автомобил кој со голема брзина се движи по улицата Иво Лола Рибар во Куманово. Зад воланот е 19-годишник, а во автомобилот има уште двајца совозачи.

На видео снимката се прикажува страотен судир:

„На 05.02.2023 околу 21.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Пиринска Македонија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.И.(19) од село Матејче, липковско и патничко возило „шевролет спарк“, сопственост на МВР. Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген“ и двајца негови сопатници, Б.Р. и А.Р., констатирани во Општа болница Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот“ стои во полицискиот билтен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг