Пилешко во сладок соја сос: Вкус кој ќе го воодушеви целото семејство

Точка

04/02/2023

23:54

10.424

Големина на фонт

а а а

Маринирањето на пилешко во соја сос и мед ќе биде вистински деликатес и изненадување за семејството.

Одлично е што вака подготвеното месо можете да го комбинирате со различни прилози, па тој дел од подготовката за ручек го оставаме само на вас.


Состојки:

- 4 пилешки батаци;
- 1 кромид;
- 3 чешниња лук;
- масло;
- сол, бибер;
- 100 мл. соја сос;
- 1 лажица кечап;
- 4 лажици мед;
- 150 мл. пилешка супа (коцка за супа);
- 1 лажица шеќер.


Подготовка:

Измешајте соја сос, кечап, мед, пилешка супа и шеќер. Потоа посолете ги и ставете им бибер на батаците од двете страни.

Исечете го кромидот и ставете го на дното на тавата. Потоа додадете го месото кое ќе го премачкате со сосот, а потоа додадете сечкан лук и малку масло.

Покријте сè со фолија, која ќе ја прободете со чепкалка за да испари водата.

Се пече на 200 степени околу 40 минути. Во последните 15 минути извадете ја фолијата, прелијте го месото со уште малку сос и повторно ставете го во рерна да зарумени.

Послужете со додатоци како што се пире од компири, ориз, печурки или само со салати.

Пријатно!