Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио

Дерби

03/02/2023

13:58

2.395

Големина на фонт

а а а

Јувентус избори пласман во полуфиналето на Купот на Италија и тоа по миналната победа (1-0) која ја донесе дефанзивецот Бремер.

Со оглед на тоа што предноста беше само еден гол имаше голема неизвесност, нервоза во Торино, а тоа најдобро на дело го манифестираше тренерот Масимилијано Алегри кој полуде по потегот на Анхел Ди Марија во судискотоо продолжение.

Се играше 94 минута кога Анхел имаше слаба реакција, сакаше да го проигра Кен, ама лошо тоа го направи или поточно лесно ја продаде топката по што Алегри се исклучи крај аут линијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг