Руски напиток од само 3 состојки кој е вистинско чудо за имунитетот: Од што сè се состои и како да го користите?

Точка

03/02/2023

13:13

8.491

Големина на фонт

а а а

Направете си го овој напиток од мед, ленено семе и јаболка којшто е неверојатно корисен доколку треба да го подобрите вашиот имунитет.

Русите го пијат со векови, а е еден од најефикасните домашни „лекови“ за зајакнување на имунитетот. Затоа што доколку одбранбениот организам е моќен, нашето тело беш тешкотии ќе се избори со сезонсите вируси и другите чести болести кои ги има назима.

Сите знаат дека медот е одличен сојузник на имуниот систем, а доколку му додадете уште некои состојки, ќе добиете неверојатно ефикасен препарат којшто го чува телото од бактерии и вируси. Мешавината од мед и ленено семе може да се користи и за ублажување на симптомите на настинка, а делува и превентивно.


Што содржи?

- Витамини А и Б кои имаат антифламаторно и антимикробно дејство, имаат благ лаксативен ефект;
- Голем број на киселини, вклучувајќи и линолна, олеинска и палмитинска;
- Масната природа на маслото кое ги забрзува процесите на регенерација на ткивата;
- Диетални влакна неопходни за нормалното функционирање на дигестивниот тракт.

Уште една предност на комбинирањето на ленено семе (кое е одлично во било кој облик) со мед е концентрацијата на корисните материи во овој облик значително да се зголеми.

Рецепт за препарат од мед и ленено семе:

- 1 чаша вода;
- 1 лажица природен мед;
- 1 лажица ленено семе;
- 1 зелено јаболко.


Подготовка:

Излупете го јаболкото, исечкајте го и ставете го во блендер заедно со сите останати состојки. Добиената смеса консумирајте ја два пати неделно по една чаша. Овој природен препарат ќе ви помогне да го подобрите имунитетот и функционирање на цел гастроинтестинален тракт.




Спонзорирани линкови

Маркетинг