(Видео) Полицијата го расчисти случајот со тепање на куче во радовишко од објавено видео на интернет

Макфакс

03/02/2023

11:53

3.045

Големина на фонт

а а а

По објавеното видео на кое гледа тепање на куче, полицијата го пронашла човекот, со кого е извршен службен разговор и преземени се сите потребни активности.

Како што се наведува од МВР, утврдено дека наведените дејствија се извршени пред повеќе години и констатирано е кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик.

Пред два дена „Анима мунди“ на нивната страница на Фејсбук објави видео снимка на која се гледа тепање на животно – куче, со употреба на тврд предмет, од страна на С.Т. од с.Ораовица.

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Радовиш, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг