Меси отворено за односот со Мбапе: Зборувавме за финалето на СП…

Дерби

03/02/2023

10:10

2.454

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси и Килијан Мбапе се соиграчи во актуелнава сезона, но во исто време мораа да одработат една важна задача во која беа на две различни страни и тоа во битка за најважниот трофеј во светот на фудбалот-Светското првенство.

Аргентина и Франција се соочија во финалето во Катар и во еден чудесен меч кој ни донесе шест гола по 120 минути и потоа пенал серија славеа „гаучосите“. Се појавија многу видеа, имаше многу коментари, реакции во однос на тоа каков е односот на Меси и Мбапе, дали има одредена нетрпеливост по тој меч и дали истата може да се префрли во соблекувалната на „светците“ по враќањето од Мундијалот.

На крајот ништо не излезе од тие бомбастични најави, одредени предвидувања, а дека се е во ред со ѕвездите потврди и самиот Лео за „Оле“.

- Да, ние зборувавме за натпреварот, прославата на луѓето во Аргентина во тие денови на кои јас бев на одмор и свеченостите што ги имавме. И ништо, ништо повеќе, но се е добро, навистина добро.

- И јас бев на другата страна, морав да загубам финале на СП и не сакав ништо да знам за тоа, за се што се случи. Ништо што имаше врска со СП во тоа време, поради тоа и не сакам да зборувам за тоа. Но вистината е дека нема проблем со Килијан, сосема спротивно, - порача капитенот на Аргентина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг