Нови проблеми за Дани Алвеш: „Мораш да ни платиш 4,5 милиони“

Точка

02/02/2023

23:18

3.077

Големина на фонт

а а а

Проблемите кои ги има бразилскиот фудбалер Дани Алвеш продолжуваат да се собираат. Откако веќе неколку дена е во затвор поради обвинение за силување, па приказните дека се разведува, искусниот дефанзивец добил мејл кој го шокирал.

Имено, неговиот последен клуб, мексикански Пумас, од него бара 4,5 милиони евра поради кршење на условите од договорот кој двете страни го потпишаа во јули мината година.

Тој договор во меѓувреме е раскинат, односно Алвеш доби отказ.


„Пумас го задржува правото да преземе било каква акција во ФИФА или било која надлежна институција за да побара отштета“, стои во мејлот кој е откриен во тамошните медиуми.

Алвеш во дресот на Пумас одигра 13 натпревари и запиша 5 асистенции, а неодамна беше и член на бразилската репрезентација на Светското првенство во Катар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг