Јокиќ го избезуми Њу Орлеанс со „баскет финти“, Леброн и Дејвис му пресудија на Њујорк

Дерби

01/02/2023

10:43

3.811

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ им приреди ново шоу на фановите на Денвер, па со уникатни потези и трипл-дабл учинок донесе нова победа, во случајов над Њу Орлеанс.

Српскиот центар реализираше 26 поени, заедно со 18 скокови и 15 асистенции, а одлична поддршка имаше од Мари, кој го заврши дуелот со 32 поени.

Јокиќ им „продаде“ неколку баскет финти на гостите, па очекувано повторно добил скандирања „МВП“ во арената на Денвер.

Л.А Лејкерс мораше да игра продолжение против Њујорк, но на крајот го доби дуелот во кој Леброн Џејмс уфрли 28 поени и комплетираше уште еден трипл-дабл. Дејвис го завршил натпреварот со поен помалку.

Резултати:

Денвер-Њу Орлеанс 122:113

Њујорк-Л.А Лејкерс 123:129 (п)

Чикаго-Л.А Клиперс 103:108

Милвоки-Шарлот 124:115

Кливленд-Мајами 97:100



Спонзорирани линкови

Маркетинг