Како да е нацртана! Леталото на НАСА снимило лице на мечка на Марс

Точка

31/01/2023

23:07

14.419

Големина на фонт

а а а

Јоги, Падингтон и Вини Пу – повлечете се! Пристигна нова мечка! Односно, барем на Марс. Камерите на НАСА леталото снимиле формација широка два километри на Марс која личи на глава од мечка.

Камерата на орбитерот „Mars Reconnaissance“, наречена „High Resolution Imaging Experiment“ или „HiRISE“, направила фотографија од необична геолошка појава во декември.

Кружниот примерок на површината на Марс ја обликува главата, додека двата кратери наликуваат на очи. Сложената структура во облик на буквата „V“ создава илузија на нос на симпатичната мечка.

Кружната пукнатина би можела да биде последица од таложењето на наслаги на врвот на затрупан кратер кој бил исполнет со лава или кал, сметаат научниците. Формацијата која наликува на нос на мечка веројатно е вулкански кратер или јама од кал.

Универзитетот во Аризона, кој ја развил камерата со „Ball Aerospace“, ја објавил фотографијата на 25-ти јануари.

Фотографијата потсетува на уште едно небесно „лице“ кое го забележала вселенската опсерваторија на НАСА во октомври 2022 година, кога изгледало дека Сонцето се смее поради темните дамки.

А минатиот март, роверот „Curiosity“ забележал формација од карпи која личела на цвет на Марс.

Камерата „HiRISE“ снима фотографии на Марс од 2006 година, кога „Mars Reconnaissance“ почнал да кружи околу црвената планета.

Моќната камера е дизајнирана за снимање на детални слики од површината на Марс, вклучувајќи формации со големина од само еден метар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг