Внук на озлогласен нацист ги чувал децата во подрум, не оделе ни во училиште: „Дома ги образував“

Точка

31/01/2023

20:22

3.536

Големина на фонт

а а а

Инцидентот е дел од одмаздата на локалниот заменик градоначалник Ерих Греил, кој не се согласувал со нивниот повлечен стил на живот.

Том Ландон, татко на шест деца, е уапсен под сомнение дека сопствените деца ги затворал во подрум на неговиот имот во село во Австрија. Станува збор за внук на нацистички воен злосторник кој го основал концентрациониот логор Маутхаусен, Ернст Калтенбрунер.

Полицајците во подрумот на неодамна купената куќа пронашле три момчиња и три девојчиња на возраст од седум месеци до седум години. Него го задржале во притвор на еден ден, а потоа го ослободиле без да поднесат обвинение, пишува „Daily Mail“.


Децата кои биле пронајдени во подрумот не биле пријавени, па било невозможно да се утврди нивниот идентитет.

„Одлучивме да не ги регистрираме децата, но сите се мои и сега ќе мораме да одиме во Виена да направиме ДНК тестови за да докажеме дека се наши. Доколку властите се толку загрижени, зошто им дозволија на децата да се вратат кај нас? Купив недвижнина за децата и сакав сите да живееме заедно кога ќе бидат постари, но сега тој план е уништен бидејќи градоначалникот не сакаше да сме тука“, рекол Ландон. Додава и дека го обвиниле дека е новиот Џозеф Фрицл.


Имено, за медиумите изјавил дека инцидентот е дел од одмаздата на заменик градоначалникот Ерих Греил кој не се согласувал со нивниот повлечен стил на живот. Ниедно од неговите деца не одело во училиште и не било пријавено.

„Моето семејство е преплашено од ова што се случи, не сакаат да се вратат во куќата во која живеевме речиси една година бидејќи се плашат дека полицајците би можеле да се вратат. А се затоа што на градоначалникот не му се доаѓа нашиот избран стил на живот и сака да заминеме“, рекол тој.


Го опишал и целиот тек на настаните, и како полицијата му упаднала дома. Истакнува дека сам ги едуцирал своите деца.

„Видов двајца мажи како од надвор го гледаат мојот имот и викаа по мене да излезам. Едниот ми кажа: „Имаме причина да веруваме дека тука чувате деца и дека не се безбедни и не одат во училиште“. Реков дека децата се мои, дека се совршено безбедни и дека ги образуваме од дома и дека не треба да ги интересира како живееме“, рекол тој.


„Но, тие одбија да заминат и почнаа да влегуваат на мојот имот, па употребив спреј. Тие побегнаа, а по неколку минути на врата ни дојде полицијата. Децата беа преплашени, а мојата сопруга плачеше. Нашиот мирен и едноставен живот сега го уништуваат надлежните служби кои очигледно немаат попаметна работа“, додал тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг