Поранешен светски шампион загина во Јапонија

Макфакс

31/01/2023

11:48

1.439

Големина на фонт

а а а

Поранешниот светски шампион во халф-пајп скијање, Кајл Смејн, почина во Јапонија. 32-годишниот Смејн загинал на јапонската планина Хакуба Норикура. Тој скијал со уште неколку пријатели, а потоа наеднаш почнала лавина и ги затрупала.

Кајл и уште еден пријател починале, додека двајца за чудо ја преживеаја несреќата.

„Тоа беше кошмар. Адам, Кајл и уште еден скијач се обидоа да побегнат. Адам поминал 25 минути закопан на длабочина од еден и пол метар. Чудо е што успеа да преживее. Наспроти него лежеше друг скијач, но тој не излезе. Лавината го фрлила Кајла 50 метри во воздух и го затрупала. За жал, тој не преживеа. Не знам како ќе живееме со тие слики во нашите глави…“, изјави Грант Гундерсон, фотограф кој ги снимил авантурите на Смејн.



Спонзорирани линкови

Маркетинг