Барселона тргна по „воинот“ кој воодушеви на мундијалот во Катар, но доби позитивна вест и од Минхен

Дерби

31/01/2023

10:26

1.435

Големина на фонт

а а а

Барселона по се изгледа ќе биде активна во последните часа од зимскиот преоден рок, бидејќи директорите на клубот сепак обезбедиле околу 10 милиони евра за реализирање на трансфер цел која би го подобрила тимот во вториот дел од сезоната.

Угледните каталонски медиуми известуваат дека клубот тргнал во максимална офанзива за играчот кој воодушеви на Светското првенство, фудбалерот за врска Софијан Амрабат.

Барса испратила понуда до Фиорентина и сака да го добие „воинот“ до крајот на актуелната сезона, па се очекува преговорите да се интезивираат во наредните неколку часа и целта е да се дојде до договор до крајот на денот.

Во исто време, од Германија приситгнуваат други вести поврзани за Барселона, кои исто така се позитивни за каталонскиот гигант кој во последно време се навикна да добива фудбалери на кои им истекува договорот. Минатото лето тоа го направи со Кристенсен и Маркос Алонсо, а сега Бенжамин Павар е дефанзивецот кој и се понудил на Барса во слободен трансфер наредното лето.

Францускиот репрезентативец по се изгледа е прекуброен во Минхен, а тоа може да се заклучи и од фактот што Баерн вчера го ангажираше Жоао Кансело од Манчестер Сити.



Спонзорирани линкови

Маркетинг