На 11 мај, САД ќе ја укинат вонредната состојба воведена за борба против коронавирусот

Макфакс

31/01/2023

10:22

1.042

Големина на фонт

а а а

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден денеска соопшти дека на 11 мај ќе ја укине вонредната состојба прогласена поради епидемијата на Ковид-19, речиси три години откако земјата воведе сеопфатни мерки за борба и сузбивање на коронавирусот.

Во 2020 година, претходната администрација на претседателот Доналд Трамп воведе национална вонредна состојба поради корона вирусот и вонредна состојба во јавното здравство, потсетува Ројтерс.

Бајден постојано ги продолжуваше тие мерки, пренесе Танјуг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг