Бекер: Ѓоковиќ набрзо ќе дојде и до 23 грен слем титула, но играч како Федерер веќе никогаш...

Дерби

31/01/2023

08:35

12.799

Големина на фонт

а а а

Борис Бекер е убеден дека Новак Ѓоковиќ на крајот ќе победи во трката наречена „најдобар играч на сите времиња“ кога се бројките во прашање, но истовремено потенцира дека тенисот никогаш нема да види и нема да доживее големина како онаа на Рожер Федерер.

Швајцарецот стави крај на својата кариера со 20 освоени грен слем титули и веќе е престигнат од Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ кои се на делба на првото место со 22, но иако веќе заостанува статистички гледано, Бекер тврди дека наследството кое го остави Федерер не може да се спореди со ништо друго.

– Ѓоковиќ има 35 години и негов сон е да стане најдобар играч на сите времиња. Зборувал за тоа и како дете. Според мене, само прашање на време е кога ќе стигне и до 23-от грен слем трофеј во кариерата.

– Сепак, според мене, светот никогаш немаше видено нешто како Рожер Федерер. Федерер играше толку соврешен тенис, што не можевте да поверувате што гледате. Поради него тенисот стана глобален спорт и светски признат спорт.

– Играч како Федерер нема да се повтори никогаш повеќе во тенисот, со него се беше перфектно и светот нема да види такво нешто. Тој не е само тениски амбасадор, тој е амбасадор на спортот глобално. Федерер е комплетен пакет, – потенцира легендарниот Бекер кој во минатото беше тренер на Ѓоковиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг