Бајден: САД нема да испраќаат авиони Ф16 во Украина

Макфакс

31/01/2023

08:42

1.678

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека Вашингтон нема да испраќа борбени авиони Ф16 во Украина, пренесе Ројтерс.

Минатата недела западните медиуми објавија дека група воени претставници „тивко“ барале од Пентагон да испрати Ф16 во Киев.

За ова прашање синоќа зборуваше и францускиот претседател Емануел Макрон, кој не ја исклучи можноста Париз да испрати борбени авиони во Киев, но под одредени услови.

Германскиот канцелар Олаф Шолц претходно изјави дека Украина нема да биде снабдена со борбените авиони што ги бара и предупреди дека не смее да има конкуренција во вооружувањето на украинската армија.

САД ќе испратат тенкови М1 Абрамс во Украина за неколку недели.

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников денеска во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон во време на дебата меѓу сојузниците на Киев за тоа дали да се испратат или не борбени авиони во Украина.

Се очекува Резников да побара од Макрон да испрати борбени авиони во Украина, еден ден откако Бајден ја отфрли можноста.

Во изјавата што ја даде пред изјавата на Бајден во Вашингтон, Макрон нагласи дека потенцијалното испраќање борбени авиони во Украина зависи од неколку фактори: потребата да се избегне ескалација и гаранциите дека борбените авиони „нема да ја допрат руската почва“.

Тој исто така додаде дека Резников денеска во Париз ќе се сретне со неговиот француски колега Себастиен Лекорну.



Спонзорирани линкови

Маркетинг