Објавен трејлер за долгоочекуваното продолжение на хит комедијата со Џенифер Анистон и Адам Сендлер

Точка

30/01/2023

19:31

4.635

Големина на фонт

а а а

Конечно е објавен трејлерот за продолжението на филмот „Murder Mystery“. Четири години по првиот филм, Џенифер Анистон и Адам Сендлер се враќаат во улога на Одри и Ник Спиц.

Првиот филм постигна голем успех и беше еден од најпопуларните проекти во 2019 година.

Во првиот дел, њујоршкиот полицаец Ник и неговата сопруга Одри заминуваат на одмор во Европа за да ја оживеат „искрата“ во својот брак, но на крајот се обвинети за смртта на еден милијардер.

Откако во филмот ја решаваат мистеријата за неговата смрт, во вториот дел Ник и Одри отвораат сопствена детективска агенција. Тие се подготвени да уживаат во прекрасната венчавка на својот пријател Махараџа (Адил Ахтар) на приватен остров, но нештата набрзо стануваат хаотични.

Откако Махараџа е киднапиран, Ник и Одри мора да заминат за Париз и се наоѓаат во центарот на меѓународна истрага. Во трејлерот се гледа ликот на Сендлер кој ѝ објаснува на една група дека „сите се осомничени“ додека подоцна ликот на Анистон вели: „Никогаш повеќе нема да бидеме поканети некаде“.


Филмот пристигнува на крајот на март

Споредната актерска постава ја сочинуваат Марк Стронг, Мелани Лоран, Џоди Тарнер-Смит, Куху Верма, Џон Кани и Дени Бун. „Netflix“ откри дека првиот филм бил погледнат во повеќе од 30 милиони домаќинства во првите 3 дена од излегувањето, така што се очекува продолжението исто така да биде хит.

„Murder Mystery 2“ ќе биде објавен на 31-ви март оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг