Ведрана повеќе не е дел емисијата: Манекенки, пејачки, спортистки, инфлуенсерки во улога на водители на Голден Карпет!

Точка

30/01/2023

15:25

6.130

Големина на фонт

а а а

Со нов концепт кој гледачите за првпат ќе имаат можност да го видат и искусат во Македонија во февруари стартува најгледаниот ТВ магазин „Голден Карпет” на Канал 5 телевизија, концепт кој гарантира забава со најпознатите јавни личности од регионот.

По разделбата со Ведрана, која од оправдани причини го напушта магазиниот, „Голден Карпет“ продолжува со нов уникатен концепт на овие простори - во секоја емисија со нова водителка.

Секоја недела ќе ги замениме улогите со една јавна личност од понежниот пол која ќе ја добие можноста да биде од другата страна на микрофонот и да се испроба во водителскиот свет.


Токму затоа секоја недела на Канал 5 телевизија во „Голден Карпет“ заедно со Миро прашањата ќе ги поставува позната личност од македонскиот шоу-бизнис и модниот свет.

„Голден Карпет” или „Џ - Карпет” започна во 2020 година, во екот на пандемијата, и за овие 3 години стана препознатлив и еден од најгледаните ТВ Магазини со одличен рејтинг, кој несомнено остави свој белег во македонскиот етер.


Одлична забава, смеење, ексклузивни приказни, феноменални гости и несекојдневни содржини, овојпат ќе бидат спакувани за вас во нов концепт.

Гледајте „Голден Карпет” секоја недела во 19:30 часот на Канал 5 телевизија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг