(Видео) Ѓоковиќ доби директно прашање дали е најдобар играч во историјата по 10-та титула во Мелбурн, одговорот наиде на голем поздрав

Дерби

30/01/2023

11:06

10.835

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ мораше да одработи низа интервјуа и да ја заврши својата должност кон медиумите и новинарите во Австралија, откако вчера по 10-ти пат го освои трофејот во Мелбурн.

Српскиот тенисер продолжи да пишува историја на „Род Лејвер“ арената и победи по десетти пат во десеттото финале кое го одигра на овој терен, а последна негова жртва беше Стефанос Циципас кој беше достоен предизвикувач, но кој сепак не освои ниту еден сет.

По новиот огромен успех, Ноле беше директно запрашан дали самиот себе се смета за најдобар играч на сите времиња, по што Србинот даде навистина добар одговор.

– Не ме прашувај тоа, не ме ставај во фокусот. Прво што сакам да кажам е дека сум почестен сум и привлегиран што сум дел од оваа дискусија. Второ, јас неизмерно ја ценам и почитувам историјата на сите големи играчи кои ни го направија патот на сите ние кои сме денес тука. Мислам дека е многу тешко да се прави дискусија за најдобар на сите времиња, бидејќи секоја генерација е поинаква.

– Знаете, пред 30 или 40 години најголем дел од грен слемите се играле на трева и се играло со дрвени рекети. Технологијата напредна толку многу и работите се променија. Тешко е да се споредуваат генерации.

– Но, јас сметам дека го дадов најдоброто и се уште го правам тоа. Тоа што луѓето ме гледаат како еден од најдобрите кои некогаш ја играле оваа игра, прави да се чувствувам навистина благодарно, – изјави Ноле по 22-та грен слем титула во кариерата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг