(Видео) Нашол напуштена луксузна вила во САД, налик на Белата куќа – во неа не живее никој повеќе од 15 години, еве како изгледа внатре

Точка

30/01/2023

10:44

9.518

Големина на фонт

а а а

Американец којшто има јутјуб канал со име „BigBankz“ истражува напуштени куќи. Неодамна тој посетил вила која однадвор наликува на Белата куќа.

За да ја истражи оваа вила и да сними што има внатре, јутјуберот морал да добие посебна дозвола затоа што е во приватна сопственост и означена со знаци за забрана за приоѓање.

Вилата е изградена пред 40 години

Ова куќа ја надгледува полицијата и соседите, иако во неа никој не живее. Јутјуберот куќата ја нарекол „напуштена вила од бел мермер“ која потсетува на Белата куќа во Вашингтон. Вилата е изградена во 1983 година од страна на човек чие име јутјуберот не сакал да го открие. Мажот е по потекло од Полска, а во Канада се преселил во текот на 50-тите години, а тогаш сонувал и за работа во САД.

Сонот го остварил така што се преселил во Алабама и започнал работа со хотел којшто бил многу успешен. Во текот на 70-тите години со сопругата се преселил во куќа која се наоѓа на местото каде е сега оваа вила. Планирале да ја реновираат и доградат другата куќа, но тоа им претставувало проблем поради опсежната работа која требало да ја направат со куќата. Така што во 1983 година ја срушиле куќата за да го изградат својот дом од соништата.


Во куќата никој не живее од 2008 година

Поради тоа што мажот е родум од Полска, а неговата сопруга од Алабама, имале различни погледи на уредување на куќата што влијаело и на дизајнот на ентериерот. Човекот починал во 2006 година кога имал 93 години, а вилата тогаш била продадена. Сопственикот на вилата се менувал неколку пати до 2008 година, но од тогаш билата не е продадена ниту некој таму се вселил.


Вилата е огромна, има два базени, еден внатрешен и еден надворешен, повеќе од 30 различни лустери (од кои дури седум во главната бања), сала за танцување и голема спална соба. На секој чекор се наоѓа и мермер, поради што јутјуберот оваа вила ја нарекол вила од бел мермер.

Инаку, јутјуберот доаѓа од Оклахома, патува ширум светот и наоѓа заборавени и напуштени места додека пак своите патувања ги документира и ги објавува на социјалните мрежи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг