Сопруга на арапски милионер откри како живее! Богатата домаќинка покажа како ги поминува деновите: „Живеам за да ги трошам неговите пари“

Точка

27/01/2023

20:50

12.312

Големина на фонт

а а а

Соуди, сопруга на милионер, е жена која во животот најмногу сака да ги троши парите на својот богат сопруг.

Уште кога ќе ги отвори очите, размислува на што да потроши што повеќе пари, а сега решила да ги открие деталите за тоа на социјалните мрежи.

Соуди вели дека деновите ги поминува средувајќи ја косата и ноктите и дека кога е дотерана сака богат оброк. Нејзиниот сопруг Џамал редовно ѝ дава пари за трошење, за да има луксузен начин на живот, пишува „The Sun“.

Во едно од последните видеа на ТикТок, Соуди опишува една од нејзините вечери. Вечерта ја поминала пиејќи коктели од 24-каратно злато со убав оброк, а сето тоа го платил нејзиниот сопруг.

Таа објавила видео со наслов:

„Третманот принцеза е она што ми треба“.

„Ова е ден од животот на богата домаќинка која живее во Дубаи. Се разбудивме утрово и Џамал рече дека ќе биде зафатен со работа, па ми даде малку пари и секако отидов во салон за убавина. Му се допаѓа кога се грижам за себе и ги трошам неговите пари на мојот изглед. Избрав супер едноставен дизајн на нокти и тој потоа дојде да ме земе. Ми рече да си ја средам косата додека тој работи друга работа. После тоа ми кажа дека сака да ме изненади, па се вративме дома и се пресоблековме“, вели таа во видеото.


Потоа покажува обетки за кои вели дека Џамал ги дизајнирал специјално за неа, бидејќи, како што вели, тој едноставно сака да ја разгалува. Потоа Џамал ја однел во скап ресторан каде нарачале коктели со 24-каратно злато. Џамал дури најмил пејачка да ја пее нејзината омилена песна.

„На вечера јадевме салати, ракчиња, филе мињон и тирамису. Секако, Џамал плати за сето тоа“, додава Соуди.

„Сето ова изгледа толку сомнително“, напишал еден корисник.

„Ќе го остави штом ќе остане без пари“, гласи коментарот на друг корисник.




Спонзорирани линкови

Маркетинг