Наједноставниот рецепт за брауни: Направете мек и сочен колач од кој сите ќе бараат парче плус

Точка

26/01/2023

21:00

13.334

Големина на фонт

а а а

Чоколадниот брауни колач е оној на кој ретко кој може да му одолее, а со овој рецепт ќе биде како оние од слаткарниците.

Брауни колачот во последните неколку години стана навистина популарен, а овој едноставен рецепт се прави брзо.

Може да го послужите со топка сладолед од ванила или шлаг и да уживате во совршено сочните залчиња.

Состојки:

- 200 грама чоколадо;
- 100 грама шеќер;
- 150 грама путер;
- 4 јајца;
- 150 грама брашно;
- 1 лажица прашок за печиво;
- 1 ванилин шеќер;
- 30 грама бадеми.


Подготовка:

Јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер изматете ги. Во смесата додадете путер којшто бил на собна температура, 150 грама чоколадо и брашно, па помешајте ги состојките и додадете го прашокот за печиво.

Кога сите состојки добро ќе се соединат, додадете ги бадемите. Во смесата додадете го останатиот дел од чоколадото и печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 25 минути.


Колачот исечете го на коцки по желба и послужете.

Пријатно јадење!