Се урна зграда во Индија, се стравува дека се затрупани 12 лица

Макфакс

24/01/2023

21:22

857

Големина на фонт

а а а

Спасувачите извлекоа 12 лица, меѓу кои две деца, од урнатините по уривањето на станбена зграда во северниот индиски град Лакнау, но се стравува дека најмалку 12 жители се заробени, соопшти денеска локалната полиција.

Полицијата се уште не ги коментирала потенцијалните причини за несреќата, објави Ројтерс.

„Досега извлековме 12 лица, меѓу кои и две деца, ниту едно безживотно тело не е извлечено“, изјави директорот на полицијата на индиската држава Утар Прадеш, Д.С. Чаухан.

Британската новинска агенција наведува дека индиските телевизиски канали покажале куп урнатини и полициски екипи кои трагаат по преживеани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг