Девојка на ТикТок: „Јас сум меѓу 12.000 отпуштени во Гугл. Никој не знаеше...“

Точка

24/01/2023

20:35

9.636

Големина на фонт

а а а

ТикТок корисничката под името @nicolesdailyvlog објави видео на социјалната мрежа во кое објаснува како дознала дека е отпуштена од работа, поради што и се расплакала.

Никол, како што вели, работела во Гугл како програмски менаџер, но откако матичната компанија на Гугл објави дека отпушта 12.000 вработени, и таа останала без работа. Во видеото таа вели дека претпоставената ѝ рекла да си ги провери мејловите. Тогаш Никол сфатила дека пристапот ѝ е блокиран, па ја повикала претпоставената и почнала да плаче.

„Најлошото е што никој не знаеше за оваа одлука и сите дознавме дека сме отпуштени во исто време. Се чувствував како да играме руски рулет“, вели таа.


За потсетување, компанијата на Google, Alphabet неодамна објави дека ќе укине 12.000 работни места, со порака до работниците дека економската состојба е полоша отколку што очекувале.

Компанијата интензивно вработуваше во последниве години „за поинаква економска реалност од онаа со која се соочуваме денес“, напишал извршниот директор на Alphabet, Сундар Пичаи во писмото до вработените.




Спонзорирани линкови

Маркетинг