(Видео) Шокантно интервју на Гислајн Максвел од затвор: „Искрено, би сакала никогаш да не го запознаев. Не знаев дека Епштајн е ужасен...“

Точка

24/01/2023

19:55

3.256

Големина на фонт

а а а

Осудената сексуална престапничка Гислајн Максвел даде интервју од затвор, во кое вели дека нејзиниот близок пријател Џефри Епштајн не извршил самоубиство во затвор, туку дека е „убиен“.

Поранешната старлета (61) отслужува 20-годишна затворска казна откако беше осудена за киднапирање девојки за пријателот Епштајн.

Милијардерот педофил беше пронајден мртов во затворската ќелија на Менхетен во 2019 година, пред да му се суди поради обвиненијата за сексуален напад, а смртта се третира како самоубиство.

Во нејзиното интервју, насловено „Гислејн зад решетки“, таа зборуваше за низа теми, вклучувајќи го и Епштајн и нивниот заеднички пријател, принцот Ендру.

Зборувајќи за Џефри Епштајн и неговата смрт, Максвел признава: „Верувам дека е убиен. Бев шокирана. Потоа се запрашав како се случило тоа? Но, јас не бев во обвинението. Не бев спомната“, му вели таа на водителот.

„Искрено, би сакала никогаш да не го запознаев...“

„Гледајќи наназад сега, веројатно посакувам да останав во Англија. Но, настрана тоа, знаеш дека се обидов да си заминам, да започнам нова работа и да продолжам од крајот на 98-ма, 99-та година. Затоа посакувам да бев поуспешна во тоа... Затоа што бев банкарка и затоа морав да продолжам понатаму“, вели таа, признавајќи дека посакува никогаш да не го запознала Епштајн.

„Имаше периоди кога немав проблем да ги запознавам луѓето со моите пријатели, со него. Затоа што не знаев (се смее) дека е толку ужасен. Мислам, очигледно сега, гледајќи наназад, се разбира. Но, во тоа време, мислам дека имаше многу пријатели. Беше пријателски настроен со речиси сите кои можете да ги замислите“.

За работата во затворската библиотека со други затвореници и доживотниот затвор, Максвел вели дека се будат во 6 и одат на појадок, кој се состои од житарки и парче овошје.

„И тогаш мора да го наместиш креветот во војнички стил, за ништо да не ти ‘штрчи’. Ако не биде така, може да имате проблем. Можете да го добиете она што се нарекува ‘пукање’. Во 7:30 одам во правната библиотека, да им помогнам на луѓето“, објаснува таа.

„А ако имаш среќа, тие викаат Рекреација во одреден момент во текот на денот. Ако си на работа, го пропушташ, а ако не, можеш да излезеш на околу еден час“.

Максвел вели дека се надева оти жртвите на нејзиниот поранешен пријател Џефри Епштајн ќе „имаат мир“.

„Би рекла дека Епштајн умре и (жртвите) треба да го искажат своето разочарување и гнев кон властите кои дозволија тоа да се случи“, вели таа.

За време на нејзиното судење во 2021 година, обвинителите ги опишаа Максвел и Епштајн како „партнери во криминалот“, при што старлетата регрутирала млади девојки за своето поранешно момче.

Меѓу жените кои тврдеа дека Максвел ги тргувала во бело ропство беше и Вирџинија Џуфре, која тврдеше дека била принудена да има секс со принцот Ендру кога имала 17 години.

Максвел вели дека познатата фотографија на тинејџерката со војводата од Јорк е лажна.

„Не верувам дека тоа е реално ниту за секунда, всушност, сигурна сум дека не е“.

Ендру, исто така, рече дека не мисли дека сликата е вистинита, тврдејќи дека „не е од оние што се гушкаат“ или „покажуваат љубов“ во јавност.

Џуфре, порано позната како Вирџинија Робертс, вели дека оригиналната фотографија ја дала на ФБИ во 2011 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг