Во оваа фонтана туристите неделно фрлаат илјадници евра, а еве колку се собира за една година

Точка

24/01/2023

09:59

10.356

Големина на фонт

а а а

Една од најголемите туристички атракции во Рим е Фонтана ди Треви. Освен по својата убавина позната е и како дестинација на која завршуваат многу фрлени монети.

Познато е дека туристите веруваат дека враќањето во Рим им е загарантирано, но и дека желбите ќе им се остварат доколку во фонтаната фрлат паричка преку своето рамо. Поради овие причини илјадници луѓе секојдневно ја почитуваат оваа традиција. На неделно ниво се собираат околу 15.000 евра, а на годишно милион, пишува „Euronews“.


Хуманитарното здружение на католичката црква „Caritas“ секој ден го празни овој објект и собраните пари ги распоредува за најзагрозените. Од овие средства во 2008-ма година отвориле и супермаркет со пониски цени од пазарните, каде пазарат најсиромашните.


Милион долари сепак е многу голема сума во споредба со онаа која ја собираат останатите светски фонтани – фонтаната кај хотелот „Белаџио“ во Лас Вегас годишно „собира“ околу 12.000 долари, таа во Дизниленд 18.000, додека фонтаната која му припаѓа на Меморијалниот центар 9/11 во САД собира 3.000 долари, иако не е дозволена во неа да се фрлаат пари. Од друга страна, Бакингемската фонтана во Чикаго, една од најголемите на светот, годишно „заработува“ само 200 долари.