Шведскиот град во кој луѓето се смрзнуваат за 3.145 евра – за што станува збор?

Точка

10/01/2023

10:07

6.321

Големина на фонт

а а а

„Isstolpsitting“ или седење на мраз е натпреварувачка активност во шведскиот град Вилхелминa. Тоа што се организира во оваа европска држава во февруари секоја година е во состав со манифестацијата „Vilhelmina Winter Weekend“.

Добро облечените натпреварувачи прво се качуваат на столбови од мраз, односно трон висок околу два и пол метри и седат на него до 51 час за да победат. На секои неколку часа смеат да слезат на околу 10-на минути за да одат до тоалет.

Не само што во текот на предизвикот мора да ги трпат ниските температури кои во февруари во Шведска знаат да се спуштат и до -20 степени Целзиусови туку и не смеат да гледаат во своите паметни телефони и слични електронски уреди.

„Isstolpsitting“ е физички и психички предизвик за телото и духот. Најтешкиот дел за натпреварувачите е кога ќе настапи ноќта, а на натпреварувачите ќе почнат да им се затвораат очите. Оние кои сакаат да победат се трудат да не заспијат за случајно да не се лизнат од замрзнатиот трон и да бидат дисквалификувани од натпреварот.


Победува оној кој ќе остане да седи на замрзнатиот трон до 51 час и освојува 35.000 шведски круни, односно околу 3.145 евра.

Моментално се бараат заинтересирани за овогодишниот натпревар за кој може повеќе да дознаете на официјалната страница на „Vilhelmina Winter Weekend“.