Витамини и минерали со кои ќе го зајакнете вашиот организам во зимските денови - еве во која храна се кријат

Точка

30/12/2022

19:40

9.803

Големина на фонт

а а а

Сè додека не зачекориме во пролетта, ќе бидеме на удар на респираторни инфекции. За да бидете здрави за време на новогодишните и божиќните празници, но и во текот на зимата, во исхраната вклучете храна со витамини Ц, Д и Б комплекс, како и цинк. Тие навистина можат да ве спасат.

Витамин Б комплекс

Осум витамини од групата Б, кои се нарекуваат витамин Б комплекс - Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б7, Б9, Б12 имаат важна улога во одржувањето на здравјето. Работејќи во тандем, тие ни помагаат да ја претвориме храната во гориво и да бидеме полни со енергија. Тоа ни треба, нели?


Во исто време, секој од витамините Б има специфични придобивки кои го стимулираат имунолошкиот систем. Витаминот Б5 го има во речиси сите намирници, а за да го зголемите внесот на другите од оваа група, консумирајте јајца (извор на Б7 и Б12), грав (Б1 и Б2), пилешко (Б3, Б6 и Б12), агруми (Б9), банани (Б6 и Б7), житарки и цели зрна (Б1, Б2 и Б3), зелен лиснат зеленчук (Б2 и Б9), јаткасти плодови (Б3 и Б9).

Витамин Ц


Помага во заштитата на клетките, а добри извори може да се најдат во широкиот спектар на овошје и зеленчук како што се лимони, портокали, грејпфрут и нивните сокови, црни рибизли, црвени и зелени пиперки, брокула, прокељ, компири. Консумирајте ги што е можно повеќе.

Витамин Д

Во отсуство на сончева светлина, мора да обрнеме посебно внимание на внесот на витамин Д. Најмногу го има во масната риба (сардина, скуша, харинга, лосос), црвеното месо, жолчката од јајцето, црниот дроб.


Ако резултатите од вашата лабораториска крв покажуваат дека имате недостаток на овој витамин и покрај правилната исхрана, земајте додатоци.

Цинк

Откриено е дека овој минерал ја намалува сериозноста на симптомите и го забрзува закрепнувањето, ако веќе сте „заработиле“ некоја респираторна инфекција - со тоа што помага да се создадат нови клетки и ензими, подобро да се обработат јаглехидратите, мастите и протеините.


Тоа ќе го обезбедите со консумирање месо, млечни производи (особено сирење), леб, производи од житарки, школки.

Вклучете ги сите овие намирници во вашето дневно мени, резултатот нема да изостане.

Секако, заедно со правилната исхрана, не заборавајте да се придржувате и до личните хигиенски мерки за заштита.