Илија Гечев, сопственикот на ИГМ Трејд, е прв милијардер од Македонија на листата на најбогати луѓе во регионот

Точка

30/12/2022

13:37

12.927

Големина на фонт

а а а

Српскиот магазин „Недељник“ објави листа со најбогатите 100 луѓе на Балканот, на која има дури 18 милијардери, а еден од нив е и Илија Гечев, сопственикот на ИГМ Трејд од Кавадарци.

Со богатство во вредност од 1 милијарда и 54 милиони евра, Гечев е на 18-то место на листата на најбогатите луѓе на Балканот. Листата ја предводат Хрватот Дубравко Гргиќ, водечкиот акционер на Аграм Група со богатство од 2 милијарди и 840 милиони евра, а по него се Србите Миодраг Костиќ со 2 милијарди и 779 милиони евра богатство, и Мирослав Мишковиќ кој има само 120.000 евра помалку.

Со 2 милијарди и 270 милиони евра на 5-то место на листата е и 34-годишниот Мате Римац, иноватор и основач на Римац автомобили, компанија за производство на спортски електрични возила. Пред Римац се основачите на комуникациската Инфобип, Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ со богатство од 2,5 милијарди евра, пренесува „Телма“.

ИГМ Трејд постои од 1994 година и е една од најголемите извозни компании во Македонија. Станува збор за еден од најголемите производители на челични и заварени цевки и профили во Југоистична Европа. Фабриката во Кавадарци е на површина од 400.000 квадратни метри, а има капацитет од 200.000 тони годишно, пренесува „Фактор“.