Повторно дојави за бомби во училишта во Скопје

Макфакс

19/12/2022

17:07

2.590

Големина на фонт

а а а

Поради дојави за поставени бомби се евакуираат учениците во дел од средните училишта во Скопје.

Попалднево закани за наводно поставени бомби добиле училиштата „Георги Димитров“ и „Владо Таевски“.

Минатата недела дојави за бомби имаше и во основни училишта, хотели, аеродромот во Скопје. Ова е веќе трет месец во кој училиштата, а и други институции добиваат закани за поставени бомби.

Досега сите дојави за експлозивни направи беа лажни.