Доколку сакате да пробате малку поинаков десерт и да ги изненадите најблиските, имаме одличен рецепт за вас.
Подгответе јапонска пудинг торта на која ретко кој може да ѝ одолее.
Потребни состојки:
За кора:
- 200 гр. брашно
- 25 гр. мелени бадеми
- 70 гр. шеќер во прав
- 2 гр. сол
- 120 гр. несолен путер
- 1 јајце
- неколку капки екстракт од ванила
За фил:
- 100 гр. крем сирење
- 40 гр. шеќер
- 2 јајца
- 130 гр. млеко
- 120 гр. слатка павлака
- неколку зрна ванила
За карамел глазура:
- 80 гр. слатка павлака
- 5 гр. мед
- 10 гр. вода
- 2 гр. желатин
- 45 гр. шеќер
Начин на подготовка:
Ставете ги брашното, мелените бадеми, шеќерот во прав и солта во блендер и изблендирајте ги.
Од стапчето ванила извадете ги зрната. Путерот исечкајте го на коцки и додајте го во блендерот заедно со зрната ванила. Повторно добро изблендирајте.
Одвојте ги жолчките од белките, па изматете ги белките, вратете ги во садот со жолчки и добро соединете ги. Додајте ги во смесата.
Деталната подготовка погледнете ја во продолжение: