Тотална војна е возможна! Столтенберг: „Судирот во Украина би можел да прерасне во војна меѓу Русија и НАТО“

Точка

09/12/2022

21:09

3.822

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изразил загриженост дека руската војна во Украина би можела да излезе од контрола и да прерасне во војна меѓу Русија и тој воен сојуз.

„Во Украина трае ужасна војна. Тоа е исто така војна која може да стане голема војна меѓу НАТО и Русија. Работиме секој ден тоа да го избегнеме“, рекол Столтенберг во интервју за норвешката телевизија „NRK“, објавено денеска.

Столтенберг, поранешен премиер на Норвешка, навел дека нема сомнежи дека тотална војна е можна, и додал дека е важно да се избегне судир кој вклучува повеќе земји во Европа.


Кремљ упорно го обвинува НАТО дека станал страна во судирот така што и доставува оружје на Украина, ги обучува нејзините војници и обезбедува воени разузнавачки податоци за напади на руските сили.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска повторно го обвини Западот дека ја користи Украина како оружје против Русија.


„Многу години Западот бесрамно ги експлоатираше и црпеше своите ресурси, поттикнуваше геноцид во Донбас и фактички ја претвори Украина во колонија. Сега цинично го користи украинскиот народ како топовско месо“, изјави Путин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг