Македонскиот модел Татјана Јанушевa позираше во „Prada“, „Gucci“, „McQueen“ за италијанскиот магазин „Collector“

Fashionel.mk

09/12/2022

19:52

8.197

Големина на фонт

а а а

Нашиот интернационален модел Татјана Јанушева продолжува со успешните кампањи од нејзиниот последен престој во Милано.

„Неодамна беа објавени фотографиите за модниот магазин Collector. Токму за ова престижно модно списание Јанушева ги претстави новите колекции на модните гиганти како Prada, Gucci, Sportmax и Alexander McQueen стилизирани од тамошниот тим.


Нашата Татјана неодамна направи сериозен пробив во светскиот моделинг со последната кампања за брендот Miss Sixty. Кариерата на интернационален моделинг ја започна во соработка со JS' Management од Белград под водство на фантастичната Јелена Ивановиќ. Тоа беше сосема очекувано бидејќи нејзината убавина и совршените пропорции едноставно се вклопуваа во модните побарувања за интернационални модели“, велат од матичната агенција Моделс Ин Менаџмент.


Јанушева се подготвува во моментов за новата сезона во Милано каде има потпишано договор со една од најдобрите светкки модни агенции - NEXT Model Management.




Спонзорирани линкови

Маркетинг