(Видео) Имале заеднички црн дроб, докторите не знаеле како да ги одвојат: Овие сијамски близначки се доказ дека чуда навистина постојат

Точка

09/12/2022

18:00

8.754

Големина на фонт

а а а

Раѓањето на сијамски близнаци е многу редок феномен, а медицинската процедура за одвојување на овие две суштества е многу комплицирана и со себе носи голем ризик за нивниот живот.

Лекарите кои ја направиле процедурата за раздвојување на овие сијамски близначки, мислеле дека ќе умрат, а и денес не можат да поверуваат како тие две успеале да се изборат за живот.

Овие две близначки се родени со споени стомаци, а при раѓањето лекарите предвиделе дека шансите за преживување им се минимални. Имено, лекарите верувале дека шансите се 75-95 отсто бебињата да умрат пред, за време или по одвојувањето.

Тие две се од Синсинати, а денес се здрави и среќни девојки кои го прославиле четвртиот роденден. Бидејќи стомаците на девојките биле споени, секоја имала свое срце, но делеле ист црн дроб, што претставувало голем проблем за лекарите, поради што прогнозата била толку лоша.

Сепак, родителите донеле одлука да ја направат операцијата и покрај тоа што лекарите биле против, сметајќи дека операцијата е повеќе од ризична и нема да има добар исход.

На лекарите им биле потребни три месеци за да сфатат како да ја направат процедурата. Операцијата за разделување траела шест часа, но била успешна. Откако ги отвориле, сфатиле дека сестрата Селах има вродена срцева мана, но по неколку операции успеале да ја спасат и неа.

Тие две покажале дека во медицината сè е можно и дека борбата за живот не е залудна.

„Тоа ви е чист доказ дека медицината може да направи чудо, но кога станува збор за човечкото здравје, тука никој не може да знае колку секој од нас е силен за да ја надмине и најтешката препрека“, изјавила мајката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг