Најдобар чај за стомачни проблеми: Речиси е бесплатен, а помага при дијареа, надуеност, гасови, болки...

Точка

07/12/2022

15:35

14.543

Големина на фонт

а а а

Нането е познато по својот пријатен мирис, вкус и смирувачко дејство, а малку е познато дека чајот од нане, кој повеќето од нас го имаат во својот дом во секој момент, може да го смири и – стомакот.

Имено, научните истражувања утврдиле дека ментолот, органско соединение добиено од нане, може да помогне при дигестивни потешкотии, што е докажано со експерименти и на луѓе и на животни.


Маслото од нане понекогаш се користи за ублажување на симптомите на синдром на нервозно дебело црево, воспалителна состојба на дебелото црево и може да предизвика грчеви во стомакот, гасови, надуеност и други непријатни показатели дека нешто во дигестивниот тракт не работи како што треба.

Четиринеделното истражување на 57 лица со овој синдром покажало дека 75 отсто од оние кои користеле капсули со масло од пеперминт двапати на ден, пријавиле подобрување на нивната состојба, во споредба со 38 отсто од оние во плацебо групата.

Чајот од нане може да даде слични придобивки, иако ефектите на чајот, за разлика од маслото, сè уште не се доволно проучени.


Одамна е познат како народен лек за стомачни тегоби, а во комбинација со тревата од брусница може да спречи дијареа, додека чајот направен од еднакви количини пелин и нане е популарен за труење со храна.

Чај од нане

Седум до десет листови свежо нане прелијте ги со шолја (250 мл.) врела вода, оставете покриено 10 минути, а потоа процедете и пијте го чајот топол.

Ако правите чај од кесичка, истурете ја истата количина вода врз кесичката чај.