Морничаво видео на кое за малку ќе дошло до сообраќајна несреќа ги преплави социјалните мрежи и сите се прашуваат само едно нешто - дали е можно возачот на видеото да е толку ладнокрвен?
На видеото објавено на Твитер се гледа дете кое сака да ја премине улицата од левата страна. Автомобилот од кој е направена снимката застанал на пешачкиот премин за да ги пушти пешаците да ја преминат улицата, додека друг, несовесен возач, прелетал со неверојатна брзина и само со итрата и храбра реакција на работникот од комунално претпријатие, била избегната трагедија.
Кога забележал со колкава брзина се движи, мажот се стрчал кон детето, го кренал во раце и го префрлил преку тротоарот во последен момент, а многумина во коментари велат дека тој е вистински ангел чувар.
Jbm li ti sunce ??? pic.twitter.com/6vbolqTiLq
— ??Čvarci & Kačamak?? (@cvarciikacamak) December 4, 2022