10 македонски дами успешно прават добивки – ланскиот заеднички профит им бил 24 милиони евра

Точка

06/12/2022

11:10

64.402

Големина на фонт

а а а

Во светот, за жал, женскиот труд сѐ уште се цени помалку од машкиот, а и на менаџерските позиции жени има помалку отколку мажи.

Порталот Пари, со цел да го мотивира женското претприемништво, ги открива имињата на 10 дами кои се стопроцентни управителки на компании. Податоците покажуваат дека тие лани успеале да изменаџираат компании кои направиле вкупна добивка од над 24 милиони евра, при што сите компании работеле подобро отколку во претходната година. Во 2020 година, истите компании реализирале над 13 милиони евра добивка. Работењето на компаниите во 2022 година, очекувано, е подобро од работењето во 2020 година. И податоците од националната статистика покажуваат раст на БДП од 4 проценти во 2021 во однос на 2020 година. Сепак, овие компании покажале исклучително висок годишен раст на добивката. Вкупниот раст на сите 10 компании е дури 84,6 проценти.

Според структурата на компаниите, може да се види дека жените успешно работат во разни дејности – фармацевтско-здравствениот сектор, трговијата, нафтената индустрија, металната индустрија…

ТОП 10 КОМПАНИИ ПО ДОБИВКИ СО КОИ УПРАВУВААТ ЖЕНИ

КОИ СЕ КОМПАНИИТЕ СО МОЌНИТЕ МЕНАЏЕРКИ?

Компанијата Биотек е основана во 1999 година со основна дејност работа со медицински потрошен материјал и опрема за клинички и индустриски сектор. Во 2015 година, Биотек го прошири своето работење и отвори ланец лаборатории во Скопје. Сега, пак, на 2 декември, компанијата отвори поликлиника во центарот на Скопје.

„Како едни од лидерите во медицинската област голема чест и предизвик ни претставува да отвориме нова гранка во нашето работење, Биотек Поликлиника. Се потрудивме да им обезбедиме на нашите пациенти врвни доктори, современа опрема и ординации, каде ќе бидат сигурни дека нивното здравје е во вистинските раце“, изјави директорката на Биотек ‒ Анкица Синадинова–Базерко, која е регистрирана и како единствен управител на компанијата.

Минатата година, Биотек остварил добивка од 3,7 милиони евра, што е за 1,2 милиони повеќе отколку во 2020 година.

Стокомак е компанија што сите ја знаат. Многумина таму пазарат најчесто, но најзаслужна за развојот на овој трговски синџир е жена. Управителка на компанијата е Ѓурѓа Георгиева.

Стокомак ја завршил 2021 година со добивка од 3,6 милиони евра, додека добивката во 2020 година била 3 милиони евра.

Компанијата Пуцко петрол веќе долги години „плива“ во бизнисот со нафта. Многу често за неа се зборува и како добитник на државни тендери. Нејзин основач е Исмаил Јахоски, кој беше градоначалник на Општина Пласница. Тогаш тој често одговараше на новинарски прашања за тоа дали постои судир на интереси во врска со неговата компанија, добивањето на тендерите и градоначалничката функција. Одговорот беше дека во државава има закони, по нив се постапува и сѐ може да се провери. Потоа, тој го предаде бизнисот во рацете на својот син, Асмир Јахоски. Но, интересен податок е што како управител на компанијата се јавува Божанка Грозданова, за која во јавноста не се знае ништо. Но, ако се прeбара ова име на интернет, излегува еден интересен податок, нејзиното име е споменато во Надзорен одбор на ЗК Кичево, заедно со името на Асмир Јахоски.

Со Грозданова на чело, Пуцко петрол лани бил во плус речиси 3,6 милиони евра, што е за околу 900.000 евра повеќе отколку во 2020 година.

Металопромет е присутен на пазарот уште од 1972 година. Фирмата е основана во Струмица од г. Мите Шапковски. Основна дејност на компанијата е производство на заварени цефки и профили. Шапковски во својата работна кариера многу го проширил својот бизнис, па негов е и познатиот хотел Сириус во Струмица. Во 1991 година, Металопромет ја отвора првата приватна бензинска пумпа во Македонија за продажба на нафта и нафтени деривати. Неговата ќерка, Маја Шапковска, е управителката на фирмата која е на четврто место по добивка на листата на фирми кои имаат еден управител – и тоа жена. Добивката на оваа компанија лани била над 3,1 милион евра, што е огромен скок во однос на 2020 година, кога изнесувала само 2550.000 евра.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг