(Видео) Девојка дошла во навивачко село: Ова го добив за 200 долари во Катар

Точка

29/11/2022

09:40

15.397

Големина на фонт

а а а

Една девојка н ТикТок споделила видео од навивачкото село во Катар, каде има многу куќи за кампување во кои сместувањето чини околу 200 долари од вечер.

„Пристигнав во својата 200 долари вредна куќичка во селото за навивачи во Катар. Добив премиум искуство“, напишала таа во описот на снимката на која може да се види дека наткасната во собата е полна со прашина.

Бројни коментатори не го криеле своето незадоволство од глетката.

„Го добивте сето ова за 200 долари?“, „Ова е тажно“, „Девојко, добредојде во Катар“, биле некои од коментарите.

Еден коментатор нагласил дека 200 долари во Катар всушност се малку пари.

„Во Катар 200 долари за сместување се малку пари, што очекувавте?“, прашал тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг