Oсуда за однесувањето на Јашари кој побарал од новинарка да избрише текст за синот на Џафери

Макфакс

28/11/2022

13:11

1.174

Големина на фонт

а а а

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува однесувањето на поранешниот министер за правда, Аднан Јашари, кој побарал од новинарка на „Фокус“ да избрише текст поврзан со полагањето правосуден испит од страна на синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Обидите за контрола на информирањето се директно загрозување и кршење на слободата на изразување и на слободата на медиумите. На медиумските работници треба да им се овозможи слободно и професионално да ги извршуваат своите обврски, пред сè, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес“, велат од АВМУ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг