Советот на Општина Гевгелија бара разрешување на директорката на градинката, поради инцидентот со 10-месечното дете

Макфакс

28/11/2022

11:42

1.605

Големина на фонт

а а а

Советот на Општина Гевгелија на седницата одржана во саботата донесе заклучок со препораки до Министерството за труд и социјална политика во врска со случувањата за немилиот настан, кој се случи минатата недела врз 10-месечно дете во детската градинка “Детска Радост” во Гевгелија.

На седницата е констатирано дека во градинката “Детска Радост” во Гевгелија во континуитет се случуваат инциденти, а никој досега не сносел одговорност. Исто така извештајот од инспекторатот при МТСП е неприфатлив во ваква форма за советниците.

Советот на Општина Гевгелија заедно со Градоначалникот решија да испратат препораки до МТСП, со цел ставање крај на хаосот во оваа институција.

Со одлука на Советот на Општина Гевгелија кој е основач на детската градинка “Детска Радост”, до Министерството за труд и социјална политика испратен е заклучок со следните препораки:

1. Министерството за труд и социјална политика да ја разреши директорката на ЈОУДГ “Детска Радост”-Гевгелија од функцијата директор, поради нестручно и несовесно работење. Истата се обиде да го прикрие инцидентот, наместо веднаш да ги суспендира одговорните за инцидентот на 22.11.2022 год.

2. Министерот за труд и социјална политика да ја врати надлежноста на Советот на Општина Гевгелија и Градоначалникот на Општина Гевгелија во делот за донесување на годишна завршна сметка на ЈОУДГ “Детска Радост”-Гевгелија, одземени со решение бр.16-3102/1 од 07.04.2022 година.

3. Министерот за труд и социјална политика да ја врати надлежноста на Градоначалникот на Општина Гевгелија во делот за избор на кандидат предложен од Управниот одбор за директор на ЈОУДГ “Детска Радост”-Гевгелија, одземени со решение ИП1 16-4733/3 од 27.06.2022 година.

4. Министерот за труд и социјална политика да ја врати надлежноста на Советот на Општина Гевгелија во делот за именување и разрешување на претставници од родители на деца згрижени во ЈОУДГ “Детска Радост”-Гевгелија во Управниот Одбор на ЈОУДГ “Детска Радост”-Гевгелија, одземени со решение ИП1 16-559/3 од 01.11.2022 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг