Филкриг ја спаси Германија од шпански пораз и ја остави во игра за пласман

Макфакс

28/11/2022

08:15

1.228

Големина на фонт

а а а

Во нова разочараувачка вечер за германскиот фудбал, Германија едвај спаси 1:1 реми со Шпанија со што ги зголеми своите шанси за пласман во нокаут фазата по шокантниот пораз од Јапонија во првото коло. Херој на „маншафт“ е 29-годишниот Никлас Филкриг, кој дебитираше за национлниот тим само пред 11 дена.

Победата на Костарика над Јапонија значеше дека Германија нема да биде елиминирана ниту со пораз, и сега тие, иако остануваат последни во групата имаат големи шанси за пласман во нокаут фазата. Шпанија е прва со 4 поени, Јапонија и Костарика имаат по 3, а Германија само 1, но во последното коло, Германците играат со аутсајдерите Костарика, а Шпанија ја пречекува Јапонија. Доколку Јапонците не приредат сензација против Шпанија, на Германија ќе им биде доволна победа за пласман.

Германскиот селектор Ханси Флик пред мечот изјави дека вечерва ќе се види дали Германија уште останува дел од светската фудбалска елита, но портив сигурниот тим на Луис Енрике, повторно се покажаа сите слабости на неговиот тим. Само одличната интервенција на Мануел Ноер ги спаси од водство во првото полувреме по одличниот обид на Дани Олмо, пренасочувајќи го ударот во пречката, додека Германците чекаа своја шанса од контранапад. Во финишот на првото полувреме, во 40. минута по прекин, Антонио Ридигер ја затресе мрежата на Унаи Симон со силен удар со глава, но радоста траеше прекратко, откако ВАР-системот, исправно, го поништи голот поради офсајд.

Во 54. минута, Енрике реши да го повлече дотогаш потпросечниот Феран Торес и на негово место да го постави својот „џокер“, Алваро Мората, на што тој одговори со гол во 62. минута по фантастичната асистенција на Жорди Алба, за вторпат едноподруго на Мундијалот да влезе како замена и да постигне гол. Флик, кој се реши да го остави на клупата Каи Хаверц, тогаш ги внесе во игра Сане, Филкруг и Клостерман за освежување на клубот, и Германците тргнаа во постојана „опсада“ на противничкиот гол. Токму напаѓачот на Вердер Бремен, Никлас Филкриг успеа да израмни во 83. минута од мечот по убавиот потег на Џамал Мусијала.




Спонзорирани линкови

Маркетинг