Нереална сцена на плажа во Австралија: Се собрале 2500 луѓе, сите потполно голи – причината е неверојатна

Точка

26/11/2022

18:19

8.705

Големина на фонт

а а а

Оваа инсталација е најнов проект на американскиот фотограф Спенсер Туник, чија цел е да ги поттикне Австралијците на редовни контроли на кожата.

Околу 2500 голи доброволци позирале во раните утрински часови на плажата Бонди во Сиднеј и со тоа придонеле до создавање на уметничко дело осмислено за подигнување на свеста за ракот на кожата.


Поради овој проект е променет и законот, со цел за првпат да се дозволи јавна голотија на плажа.

Австралија е земја во која има пропорционално најмногу заболени од рак на кожа, велат од Светското здружение за истражување на ракот.

Од 3:30 часот по локално време, волонтерите се собрале на плажата за да учествуваат во инсталацијата, направена во соработка со добротворната организација „Skin Check Champions“ во текот на Неделата за подигнување на свеста за ракот на кожата.


„Имаме прилика да ја подигнеме свеста за прегледите на кожата и ми беше чест да дојдам овде, да создадам своја уметност и да го прославам телото и заштитата“, изјавил светски познатиот уметник Туник.

Брус Фишер, 77-годишник кој учествувал во снимањето, изјавил за „AFP“ дека „поминал половина живот на сонце и дека му биле отстранети два малигни меланоми на грбот“.


„Мислам дека ова е вреден повод, а и ми се допаѓа да ја соблечам облеката на плажата Бонди“, додал тој.

Туник е познат по осмислување на фотографии со голем број голи луѓе на некои од најпознатите локации на светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг