Зеленски првпат од почетокот на војната јавно го критикува Кличко

Макфакс

26/11/2022

09:32

3.456

Големина на фонт

а а а

Во ретко јавно несогласување меѓу украинските лидери, претседателот Володимир Зеленски го критикуваше градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко дека не ја завршил добро работата во организирањето засолништа за да им помогне на граѓаните кои останале без струја и вода поради руските напади.

Како резултат на руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура, властите отворија илјадници таканаречени „непобедливи“ центри во кои луѓето можат да се затоплат, каде има вода, интернет и телефон.

Во своето вечерно обраќање, Зеленски сугерираше дека градоначалникот Кличко и неговите соработници не направиле доволно.

„За жал, локалните власти не завршија добро во сите градови. Во Киев имаше особено многу поплаки. Најблаго кажано, треба да се работи повеќе“ – рече претседателот Зеленски

Тој ги критикуваше и оние кои, како што рече, лажеле во официјалните извештаи, но не прецизираше на што конкретно мисли. Досега се отворени повеќе од 4.000 центри. Ова се необични изјави бидејќи од почетокот на војната, Зеленски се обидуваше да остави впечаток на национално единство и обично имаше пофалби за другите функционери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг