Српското министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека полицијата започнала детален претрес на реонот кај границата Хоргош меѓу Србија и Унгарија поради дојава дека мигранти „пукале еден на друг“.
Според соопштението, полицијата на лице место затекнала шест мигранти, а еден 20 годишен мигрант е повреден. Тој имал две прострелни рани во градниот кош.
Српска жандармерија у акцији. Хоргош pic.twitter.com/zXkE3VYb4L
— Г🅿️ИНГ🎯 (@GringoStranac) November 25, 2022
Српски „Курир“ пренесува дека полицијата реагирала и само во Хоргош и блискиот град Суботица привела повеќе од 600 мигранти кај кои, според српското МВР, биле пронајдени оружје и капа со амблем „ОВК“.
„Припадниците на МУП Србија ги презедоа сите мерки и активности за блокирање на овој простор. Откриени се повеќе од 600 нерегуларни мигранти, идентификувани се одредени лица кои учествувале во синоќешната престрелка, а пронајдено е и огнено оружје“, се вели во соопштението на српскиот МУП.