Дали знаевте? Одлична причина зошто Швеѓаните не излегуваат од дома во петок навечер

Точка

25/11/2022

22:29

25.683

Големина на фонт

а а а

Швеѓаните навистина се држат до своите ритуали. Паузата за кафе, која се нарекува фика, обично е придружена со некакво слатко, како што се полжави со цимет и често служи за ресетирање од работа.

И додека фика може да се практикува секој ден, среда е денот за „мала сабота“, односно журкање со пијачки за да се „преполови неделата“, па чекањето на викендот побрзо поминува.


Во Шведска, lillördag или мала сабота е ден кога слугинките имале слободен ден бидејќи работеле во сабота, а во денешно време денот за одмор е заменет со ден на дружење со неколку пијачки.

Во четврток ги вадат тавите за палачинки и го чистат свинското месо од жилите за чорба од жолт грашок, која тој ден често се наоѓа на дневните менија во рестораните.


А во петок? Петок е ден за тортиљи во Шведска во последните триесет години, пишува Би-Би-Си.

Удобниот петок или fredagsmys е синоним за ритуалниот крај на работната недела, на кауч со убав оброк. Ако тортиљите не се во игра, тоа може да биде плескавица или пица - главната цел е да ве исполнува со среќа, топлина и (најчесто) калории.


Наместо да остануваат до доцна на работа во петок - или да имаат долги ноќни излегувања, крајот на работната недела се означува со серија или филм, можеби мрзелив собир со пријателите или семејството под ќебе.

Би-Би-Си пренесува дека 98 отсто од Швеѓаните уживаат во петочниот ритуал барем еднаш месечно и претпочитаат fredagsmys, наместо одење во кино, театар, клубови, вежбање, готвење, па дури и секс. Експертите коментираат дека таквата навика е добра за ослободување од стресот.