Не само што е вкусен, туку помага и во намалување на воспалителните процеси во организмот, го подобрува расположението и помнењето.
Истражувањето открило кој напиток е најдобар доколку сакате да ги намалите масните наслаги на вашиот стомак.
Секако, јасно е дека ниту еден напиток не може магично да направи да ослабнете преку ноќ.
За да ослабнете, потребно е да внесувате балансирана исхрана и да бидете физички активни, но чајот од една билка може да биде многу корисен доколку се обидете да ги забрзате процесите на согорување на масните наслаги, тврди истражувањето.
Тоа го потврдила и нутриционистката Кортни Д'Анџело за магазинот „Eat this, not that“, велејќи дека чајот од нане е еден од најдобрите напитоци за слабеење.
„Нема калории. Има сладок вкус и ќе може да го намалите апетитот и желбата за слатки. Освен тоа нането има антивирусни, антибактериски и антифламаторни својства. Исто така тоа ги решава проблемите со варењето на храната“, изјавила таа.
Истражувањето кое било објавено во магазинот „Journal of Clinical Gastroenteorology“ покажало дека учесниците кои консумирале нане биле во состојба да ги ублажат симптомите на иритабилни црева.
Исто така чајот од нане ги ублажува и грчевите во мускулите, како на пример оние при менструални болки.
Овој чај содржи и кофеин, а позитивно влијае и на менталниот капацитет.
Истражувањето од Универзитетот Нортубриа покажало дека нането го подобрува и расположението и помнењето.