Граѓаните на Пекинг панично купуваат храна и ги празнат продавниците: Градските власти најавиле брза изградба на ковид центарот за карантин

Точка

25/11/2022

21:34

2.955

Големина на фонт

а а а

Жителите од главниот град на Кина денеска почнале да ги празнат продавниците и да „навалуваат“ на апликациите за испорака откако градските власти наредиле забрзана изградба на центарот за ковид карантин и полски болници.

Неизвесноста и непотврдените извештаи за очекуваното „заклучување“ на некои квартови во Пекинг поттикнале зголемена побарувачка за храна и други потрепштини, што со месеци не е видено во тој град.

Дневниот број на новозаразени со ковид-19 ширум Кина е рекорден: 32.695 новозаразени се пријавени денеска, од кои 1.860 се во Пекинг, а повеќето од нив се асимптоматични.

Импровизираните центри за карантин и полските болници, поставени во фискултурни сали, изложбени центри и други големи затворени простории, станале озлогласени поради пренатрупаноста, лошите санитарни мерки, малку храна и бидејќи светлата постојано се вклучени.

На повеќето жители на Пекинг веќе им е кажано да не ги напуштаат своите краеви, од кои некои се оградени. На влезовите има чувари во бели заштитни комбинезони, кои го сопираат луѓето без дозвола за движење и проверуваат дали преку апликацијата на мобилен телефон го пријавуваат излегувањето.

Некои до сервисите во Пекинг за достава на храна веќе го пополниле капацитетот.

Поради зголемувањето на побарувачката и недостигот на работници, некои потрошувачки денеска не можеле да закажат испорака за храна истиот ден од популарни сервиси како што се „Freeshippo“ на „Alibaba“ и „Metuan Maikai“.

Компанијата „Alibaba“ не дала веднаш коментар на овие изјави.

Портпаролката на градската влада, Су Хеџијан денеска на новинарите им кажала дека е потребно за засили управување и сервисот на центрите за карантин и полските болници, каде полицијата ги пренесува луѓето кои се тестираат позитивно на ковид-19 или биле во близок контакт со заразени лица.


Властите мораат и натаму да ја забрзаат изградбата на тие центри и да го координираат доделувањето на простории, опрема, материјал, персонал и други ресурси, рекла таа.

Службениците последните денови повторуваат дека Кина мора да се придржува до своите строги политики на „нулти ковид“ според кои заклучувањата се задолжителни, како и масовните тестирања и карантин за секој за кој постои сомнеж дека бил во контакт со вирусот.

Се смета дека таа политика тешко ја погодува економијата и го нарушува животот на многумина во кинеските градови поради што Светската здравствена организација ја повикала Кина да ја промени таа политика.




Спонзорирани линкови

Маркетинг