Беше прогласена за една од најубавите жени на светот, а во детството ја исмејувале поради изгледот: Нејзината мајка ѝ дала одличен совет

Точка

24/11/2022

17:33

10.577

Големина на фонт

а а а

Актерката Ања Тејлор-Џој ја паметиме по одлично одиграните улоги во сериите „Queen's Gambit“ и „Peaky Blinders“, а вниманието на јавноста ја привлекува нејзината специфична убавина и истанчен моден вкус.

Беше прогласена за една од најубавите жени на светот, но сепак во своите тинејџерски години Ања поминувала низ тежок период за кој неодамна зборувала во една емисија.

„Имав многу, многу среќа со своите родители бидејќи кога ме малтретираа поради изгледот, мојата мајка секогаш ми велеше да гледам во нечија внатрешност. Не гледате класа, не гледате ништо слично. Не гледате што работат. Само го гледате нивното срце. И навистина морам да ја пофалам мојата мајка поради тоа бидејќи навистина ми помогна“, вели актерката.

Тејлор-Џој и претходно зборуваше за својот изглед, истакнувајќи дека не се смета себеси за убава.

„Не мислам дека сум доволно убава за да глумам во филмови. Звучи патетично и моето момче ме предупредува на тоа што луѓето ќе мислат поради она што го зборувам, но јас едноставно мислам дека сум чудна“, изјави Ања во една прилика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг