Една билка е клучна во борбата против неплодноста и алкохолизмот: Нејзиното масло е магично

Точка

24/11/2022

16:23

3.679

Големина на фонт

а а а

Маслото од ноќниче е моќен лек кој помага во лекување на многу болести.

Тоа ја обновува кожата, помага при женски тегоби, неплодност, има антивоспалително и антиоксидативно дејство и уште многу друго.

Маслото од ноќниче се користи како додаток во исхраната. Го намалува холестеролот и крвниот притисок и ја намалува можноста за појава на крвни згрутчувања, со што го штити организмот од срцеви заболувања и срцев удар.


Има антидепресивно дејство, па е многу корисно во одвикнување од алкохол кој често се поврзува со депресија. Претставува своевидна заштита на бубрезите и црниот дроб бидејќи спречува блокада на ензимите предизвиканa од алкохолот.

Маслото од ноќниче им се препорачува на дијабетичарите поради дијабетичната невропатија која може да предизвика болка и пецкање во рацете и стапалата. Исто така ја подобрува концентрацијата и однесувањето на децата со АДХД синдром.

Ова масло ја регулира рамнотежата на половите хормони - естрогенот и тестостеронот и е еден од сојузниците во борбата против неплодност и импотенција бидејќи ја подобрува циркулацијата и овозможува подобар проток на крвта во целото тело.


Незаситените масни киселини ја подобруваат функцијата на матката, што исто така може да помогне при зачнување. Терапијата со масло од ноќниче е ефикасна против хроничен замор и ги ублажува симптомите на ревматоиден артритис и мултипла склероза.

Маслото од ова моќно растение има антиоксидативно дејство. Тоа го спречува создавањето и делувањето на слободните радикали кои се најчести виновници за стареењето на организмот и развојот на многу дегенеративни болести. Исто така помага и во регулирање на телесната тежина, а особено добро делува на женскиот организам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг