Далиќ за провокацијата на Канаѓаните: Видов што кажаа, ќе покажеме на теренот…

Дерби

24/11/2022

14:15

1.353

Големина на фонт

а а а

Хрватска не се прослави на првата средба против Мароко на Светското првенство и ќе мора да бара подобар резултат во пресметката со Канада.

Канаѓаните пак иако играа добро останаа со празни раце против Белгија (1-0), средба по која нивниот селектор Џон Хердман не бираше зборови и порача дека „Сега одиме да ги е**ме Хрватите“.

Ова секако допре и до „коцкестите“ од каде стигна одговорот од селекторот Златко Далиќ.

- Канада беше подобар тим загуби поради една грешка. Не очекува силен противникот. Покажаа многу повеќе отколку на последните натпревари. Мора да бидеме внимателни, нема лесен противник во нашата група. Ја знаеме нашата цел, мора да играме подобро отколку против Мароко.

- Ја видов неговата изјава, секој си има свој начин на комуникација, така се изразуваше, не знам колку е убаво. Нема да се навраќам на тоа, мораме да покажеме на теренот дека сме подобар тим. Ќе го искористам тој момент за дополнително да го мотивирам тимот, - порача Далиќ.

Хрватска и Канада ќе се судрат в недела во терминот од 17 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг