Крај на една ера: По 2 децении во познатиот моден бренд, Алесандро Микеле го напушта „Gucci“

Точка

24/11/2022

10:40

1.945

Големина на фонт

а а а

По 7 величествени години на местото креативен директор на брендот „Gucci“, Алесандро Микеле се опрости од оваа улога.

Француската групација „Kering“ во чие сопствеништво е италијанската модна куќа го најави неговото заминување во средата.

„Неговата страст, неговата имагинација, неговата генијалност и неговата култура го ставија „Gucci“ во центарот на сцената, каде му е и местото“, изјавил Франсоа Анри-Пино, претседател на групацијата.


Засега не е познато кој ќе го наследи Микеле на оваа позиција.

49-годишниот Италијанец е познат по навистина спектакуларната визија и фактот дека го препороди „Gucci“, задржувајќи го наследството и препознатливата енергија на брендот, притоа нудејќи помодерна, повпечатлива естетика.

Неговиот родово флуиден пристап (од 2017 година „Gucci“ ги претставува машките и женските колекции заедно), но и користењето на еклектичните принтови, бои и текстури привлекоа нова генерација на млади потрошувачи во Европа, САД и Кина. Во текот на својата кариера во оваа модна куќа оствари блиска, нераскинлива соработка со ѕвезди како Лејди Гага, Бијонсе, Били Ајлиш, Дакота Џонсон, Хери Стајлс, Џоди Тарнер-Смит итн.


Од друга страна, и покрај фактот дека „Gucci“ доживеа процут кога станува збор за пласирање на популарни парчиња и интересни ревии, она најважното опаднало - приходот! Инсајдери тврдат дека акциите на групацијата „Kering“ потфрлиле, особено во споредба со другите луксузни ривали како „Hermes“ и „LVMH“.

„Постојат моменти кога патиштата се разидуваат поради различните перспективи кои секој од нас ги има. Денес се завршува едно исклучително патување кое траеше повеќе од 20 години во компанијата на која неуморно ѝ ја посветив сета своја љубов и креативна страст. Во текот на овој долг период „Gucci“ беше мојот дом, моето семејство. На ова проширено семејство, на сите поединци кои го чуваа и поддржуваа, им упатувам најискрено благодарам, најголема и најсрдечна прегратка“, напишал Италијанецот на Инстаграм, споделувајќи фотографија на која ѝ се поклонува на публиката на една од ревиите.

Во продолжение, дел од креациите на црвениот тепих во „режија“ на Алесандро Микеле:




Спонзорирани линкови

Маркетинг